Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Патронен празник на училиштето

2021-04-30 16:09:09



Во чест на на Коле Неделковски

       Оваа учебна година, поточно на 24 април 2021 г, иако во услови на пандемија, се организираше литературен и ликовен конкурс по повод патрониот празник на нашето училиште.

 Нашиот патрон, Коле Неделковски, творел во периодот меѓу двете светски војни. Поетската умешност ја развивал како член на Македонскиот книжевен кружок каде членувале познати македонски напредни книжевни дејци какоНикола Вапцаров, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Венко Марковски. Тој ги напишал двете стихозбирки „Молскавици“(1939 г.) каде го поддржува трендот на пишување поезија со македонска тематика и на македонски јазик и „Пеш по светот“ (1941 г.). Негова наjпозната песна е „Глас од Македонија“. Останува запаметен како еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност кој помагал и во борбата против фашизмот.

Во негова чест, учениците од нашето училиште твореа на слободна тема.

 

Напомена: Повеќе за наградените ученици и нивните творби ќе најдете во табот - документи од почетната страна на нашата веб страница.

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu