Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Етички кодекси

2014-10-13 09:24:46



Кодекс за однесување на наставниците

 

  • својата професија да ја врши совесно и одговорно;
  • секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување;
  • постојано да работи на своето стручно-педагошко усовршување;
  • да се грижи за целиот училишен простор и инвентар;
  • да ги почитува и да се придржува на правилата од куќниот ред на училиштето;
  • да ја почитува личноста на секој ученик;
  • професионално и чесно да се однесува кон секој ученик, да е праведен и хуман, објективен и непристрасен;
  • да верува дека секој ученик може да научи и должен е на секој ученик тоа да му го овозможи;
  • да го оценува реално знаењето на ученикот според однапоред изградени критериуми;
  • да бара ученикот навремено и квалитетно да ги извршува своите задачи;
  • да не ги омаловажува и навредува учениците;
  • кон учениците да не пројавува агресивност, нетолерантност, желба за доминација;
  • да не го казнува ученикот телесно, да не го малтретира психички и да не се служи со заплашувања, уцени, заканувања и други форми на негативно однесување;
  • редовно да им помага на учениците кои заостануваат во совладувањето на наставата;
  • да бара од учениците пристојно и дисциплинирано однесување и на секој вид на девијантно однесување да реагира со укажување;
  • да го сослуша секој ученик кога ќе му се обрати за совет или помош;
  • да се труди соработката со родителите да биде што понепосредна и поефикасна;
  • да го поттикнува интересот и ангажирањето на родителите во решавањето на проблемите на учениците; 
  • навремено и објективно да ги информира родителите; 

 

 

Кодекс за однесување на учениците

   

  • Учениците се должни да доаѓаат во училиште пристојно и соодветно облечени и со потребен прибор за работа на часот;
  • Во училиште да доаѓаат редовно и на време;
  • Учениците своите наставници треба да ги чекаат во училниците на своите места, а не пред вратата или во ходниците;
  • Ученикот не смее без одобрение да го напушти часот и да се задржува во санитарните простории и по ходниците;
  • Учениците се должни да се однесуваат пристојно и со почит кон наставно-воспитниот, административниот и помошниот персонал во училиштето;
  • Ученикот треба да гради и развива позитивни и коректни односи со своите соученици;
  • Учениците се должни да го чуваат редот, дисциплината и хигиената во училницата, училиштето и надвор од него;
  • Секој ученик да не фрла отпадоци во работните простории, по ходниците и дворот на училиштето и истите треба да ги фрла во корпи за отпадоци;
  • Учениците треба да го чуваат училишниот инвентар и наставно-нагледните сретства;
  • Учениците треба да го чуваат и да не го уништуваат зеленилото во училишниот двор и во ходниците;
  • Секој ученик е задолжен со соодветната компјутерска опрема во училницата за која ќе понесе одговорност и доколку намерно направи штета сам ќе ги сноси трошоците. 

 

Кодекс за однесување на родителите

 

  • Да ја почитува целокупната работа на училиштето и со почит и коректност да се однесува со наставниците, вработените, учениците и останатите родители;
  • Да се грижи неговото дете редовно и навремено да ја посетува наставата;
  • Да допринесува за правилен однос на ученикот кон учењето, училиштето, училишниот имот и учебниците;
  • Кај своето дете да поттикнува чесен и фер однос кон соучениците и наставниците;
  • Редовно да се информира за успехот и постигањата на своето дете на индивидуални или родителски средби;
  • Да го подржува учењето на своето дете преку залагање за фер оценување
  • Да не се задржува по училниците, ходниците и други простории освен ако не е повикан;
  • Да го оправдува отсуството на своето дете најдоцна три дена од изостанокот лично или за подолго отсуство со валидна медицинска белешка;
  • Навремено да ги подмирува сметките за екскурзии, списанија, топол оброк, ужинка и друго;
  • Да соработува со педагошката служба во случај на конфликти или педагошки мерки изречени на неговото дете;

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu