Во спомен и сеќавање на нашата поранешна директорка
2025-11-04 23:18:23Со голема благодарност и вечно сеќавање, ООУ „Коле Неделковски“ ќе ја спомнува својата поранешна директорка Светлана Масларевска, чија посветеност, професионализам и човечност оставија траен белег во нашето училиште.
Нејзината енергија, љубов кон децата и посветеност кон образованието беа пример за сите нас.
Нека остане запаметена по добрината, искрената насмевка и трудот кој го вложи за нашето училиште да биде место на знаење, почит и заедништво.
Вечно ќе ја паметиме со почит и благодарност.





