Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Одбележување на Патрониот празник на училиштето

2019-05-01 14:33:26



По повод патрониот празник на училиштето учениците од ООУ „Коле Неделковски“ , општина Центар, Скопје, учествуваа на литературно читање и имаа средба со писателот Трајче Кацаров. Средбата се одржа во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“. Исто така по повод патрониот празник училиштето објави интерен литературен и ликовен награден конкурс на слободна тема. На ден 24.04.2019 год. во  ООУ „Коле Неделковски“ се одржа читање на наградените литературни творби и претставени беа наградените ликовни творби. Наградените ученици ги добија своите заслужени дипломи и награди.

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu