Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Учество на конкурсот „Предизвик за млади истражувачи“ од Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ

2019-06-03 20:04:24



Тим од ученици од ООУ „Коле Неделковски“ под менторство на наставничката по физика Викторија Илиевска и наставничката по информатика Валентина Зорчец учествуваа со свој проект под наслов „Дали е се така како што изгледа?“ на конкурсот „Предизвик за млади истражувачи“ од Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.

Проектот успеа да се пласира во финалниот избор на училишни проекти од целата Република. Презентирањето на проектот пред жирито за избор се одржа во киното Милениум каде што учениците: Леон Максимилијан Никовски, Леона Угриновска и Андреа Симичиева успешно го презентираа проектот.

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu