Проект од Фонд за иновации и технолошки развој под наслов „Дали е се така како што изгледа?“
2022-02-08 08:46:20Тимот од ученици од 8-мо одд. во состав : Леон Максимилијан Никовски, Леона Угриновска, Андреа Симичиева и Арзу Исмаили под водство на наставничките Викторија Илиевска - наставник по физика и математика и Валентина Зорчец - наставник по информатика и иновации, со својот проект под наслов „Дали е се така како што изгледа?“ се пласираа во финале и освоија паричен грант на конкурсот „Предизвик за млади истражувачи“ од Фонд за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.
Еве неколку фотографии од настанот за свечено доделување на сертификатите за учество и добиените награди, кој се одржа во „Школка“ - Градски парк во Скопје.