Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Етички кодекси

2014-10-13 09:24:46



Кодекс на однесување на родители

Кодекс на однесување на ученици

Кодекс на однесување на наставници

 

Кодекс за однесување на наставниците

1. Професионалност и почитување на етичките стандарди

  • Наставниците се обврзуваат да се однесуваат професионално, етички и соодветно во сите ситуации поврзани со нивната работа.
  • Постојано треба да покажуваат почит кон учениците, колегите, родителите и сите други вработени во училиштето.
  • Забрането е какво било однесување што може да предизвика дискриминација, пристрасност или непочитување на човековите права.

2. Посветеност на наставниот процес

  • Работното време на наставникот е 6 саати. Наставникот задолжително да биде во својот кабинет/паралелка најдоцна 10 минути пред почетокот на наставата.
  • Наставникот да го почитува работното време.
  • Наставниците треба со максимална посветеност да го спроведуваат наставниот процес, обезбедувајќи квалитетно образование и поддршка на учениците.
  • Тие треба да користат современи методи и техники на учење кои ги поттикнуваат учениците на критичко размислување, креативност и саморазвој.
  • Наставниците се должни да го започнат часот на време.
  • Наставниците се должни редовно да ја следат и евидентираат редовноста на учениците во е-дневникот на паралелката
  • Часот треба редовно да биде евидентиран, како и отсутните ученици.
  • Секој час треба да биде добро испланиран и тоа на тој начин што ќе овозможува максимален ангажман на сите ученици и постигнување на максимумот од зацртаната цел до крајот на часот.

3. Почитување на учениците и индивидуален пристап

  • Наставниците треба да покажуваат почит и разбирање кон сите ученици, без разлика на нивните способности, етничка припадност, пол или религија.
  • Обврзани се да им пружат поддршка на учениците, земајќи ги предвид нивните индивидуални потреби и темпо на учење.

4. Одговорност за безбедноста на учениците

  • Наставниците се должни да ја гарантираат безбедноста на учениците додека се на училишната територија или учествуваат во училишни активности.
  • Во случај на инцидент или опасност, наставниците треба веднаш да реагираат и да ги известат соодветните лица.

5. Комуникација со родителите

  • Наставниците треба да одржуваат отворена, транспарентна и професионална комуникација со родителите.(без навреди, омаловажување и исмејување)
  • Сите информации поврзани со напредокот или однесувањето на учениците треба да бидат пренесени навремено и објективно.

6. Тимска работа и соработка

  • Наставниците треба да промовираат тимска работа и соработка меѓу колегите, придонесувајќи за позитивна и поддржувачка работна атмосфера.
  • Поделбата на задачи и одговорности треба да се спроведува транспарентно и рамноправно, во духот на меѓусебна помош.

7. Заштита на приватноста

  • Наставниците треба да ја почитуваат приватноста на учениците и нивните семејства.
  • Сите лични информации за учениците, како што се оценките, педагошките мерки и здравствените податоци, треба да се третираат со дискреција и доверливост.

8. Постојано професионално усовршување

  • Наставниците треба континуирано да го развиваат своето знаење и вештини преку учество на обуки, семинари и работилници.
  • Тие треба да бидат отворени за нови методи, техники и технологии кои можат да го подобрат квалитетот на наставата.

9. Објективност и праведност при оценувањето

  • Наставниците се должни да го оценуваат напредокот на учениците објективно и праведно, врз основа на нивниот труд и постигнувања.
  • Непристрасноста во оценувањето е клучен принцип кој мора да се почитува.

10. Пример за однесување

  • Наставниците треба да бидат пример за соодветно и одговорно однесување на учениците, како во училиштето, така и во пошироката заедница.
  • Тие треба да покажуваат одговорност, емпатија, самоконтрола и професионализам во секоја ситуација.
  • Наставниците секогаш да внимаваат на својот јазик, кој треба да биде литературен, јасен, достапен и достоинствен.


Овој кодекс е водич за професионално однесување на наставниците, кој гарантира дека училиштето е место за квалитетно образование и позитивен раст на учениците.

 

Кодекс за однесување на учениците

  
1. Почитување на наставниците и вработените

  • Учениците се должни да покажуваат почит кон своите наставници и другите вработени во училиштето.
  • Грубото, непочитливо или агресивно однесување кон наставниците и вработените не е дозволено.

2. Ученикот и наставата
Учениците се должни:

  • Учениците задолжително треба да доагаат во училиште 10 минути пред почетокот на наставата.
  • Задолжително да присуствуваат на настава, за секое отсуство да приложат писмено или усно оправдување од родителот или старателот;
  • Пристојно и трпеливо да чекаат во училница пред започнувањето на часот;
  • Секогаш да бидат подготвени за работа (настава);
  • Редовно да ги носат потребните материјали за работа (училишен прибор, тетратки и учебници, опрема за физичко и здравствено образование, прибор за цртање и материјали за работа по техничо образование;
  • Да придонесуваат за позитивна работна атмосфера со активно ангажирање на часот;
  • Да го почитуваат правилото дека користењето на мобилни телефони за времe на часовите не е дозволено, освен ако истите се користат како едукативна алатка со претходна дозвола на наставникот.
  • За време на настава мобилните телефони задолжително да се оставаат на одредено место во училницата( пред почетокот на наставата) и да ги земат по завршување на наставниот час.
  • Носење на мобилни телефони за учениците од одделенска настава е дозволен исклучиво со согласност на одделенскиот раководител.
  • Ученикот не смее самоволно да го напушти часот. Недолично и недисциплинирано однесување на часот се казнува со соодветна педагошка мерка според Правилникот на училиштето.

3. Почитување на соучениците

  • Учениците треба да се однесуваат кон своите соученици со почит и разбирање.
  • Насилството, малтретирањето и навредливото однесување се строго забранети.
  • Строго се забранува вербално или физичко насилство! Игнорирање, упатување навредливи зборови, омаловажување, исмејување, нанесување психичка болка е исто така насилство!
  • Соработката и меѓусебното помагање се поттикнуваат во училишната средина.

4. Грижа за училишниот имот

  • Учениците треба да се грижат за училишниот имот, да го чуваат чист и цел.
  • Оштетување на училишниот инвентар или простории се санкционира со педагошка мерка и надомест за направената штета.

5. Одговорно користење на училишните ресурси

  • Учениците можат да користат училишни уреди и опрема (компјутери, спортски реквизити и сл.) соодветно и одговорно.
  • Забрането е самоволно користење на училишни ресурси без дозвола од наставник или вработен.

6. Лична хигиена и училишна облека

  • Учениците треба да внимаваат на својата лична хигиена и да носат пристојна и соодветна облека за училишната средина (без кратки маици и здолништа, длабоко деколте, искинати фармерки и сл.)
  • Забранети се нагласена шминка, несоодветна фризура, непристојна облека или симболи кои можат да предизвикаат негативни реакции.

7. Почитување на распоредот и дисциплината

  • Учениците се должни да ги почитуваат распоредот на часовите и да бидат точни на нив.
  • Непочитувањето на дисциплинските правила може да резултира со соодветни педагошки мерки.

8. Училишни активности и воннаставни програми

  • Учениците треба активно да учествуваат во училишните активности, како и во воннаставните програми, соодветно на нивните интереси и способности.
  • Во текот на учеството на настани, учениците се должни да се однесуваат одговорно и да го претставуваат училиштето на најдобар можен начин.

9. Заштита на животната средина

  • Учениците се поттикнуваат да се грижат за животната средина во и надвор од училиштето, да не фрлаат отпад и да чуваат чиста средина.

10. Одговорно користење на технологија

  • Учениците треба одговорно да ги користат мобилните телефони, компјутери и други уреди во училиштето.
  • Забрането е снимање, фотографирање или користење на технологија во несоодветни ситуации без дозвола.

11. Учениците и родителите
Учениците се должни:

  • Редовно и искрено да ги информираат родителите за успесите, но и за неуспесите на училиште. Сите одлуки во врска со училиштето да ги донесуваат заеднички со родителите;
  • Доколку имаат некаков проблем или доживуваат врсничко насилство веднаш да ги информираат родителите, а потоа и училишните структури (раководител на паралелка, психолог, педагог, директор).

Кодекс за однесување на родителите


1. Почитување на училишната средина

  • Родителите се должни да ја почитуваат училишната средина, вработените во училиштето и сите други родители и ученици.
  • Секој облик на насилно или агресивно однесување, како вербално така и физичко е строго забранет.

2. Комуникација со вработените

  • Родителите треба да одржуваат отворена и конструктивна комуникација со наставниците и другите вработени во училиштето.
  • Секое недоразбирање или проблем треба да се решава преку цивилизирана комуникација, со почит и разбирање.
  • Родителите се дожни комуникацијата со наставниот кадар да ја реализираат во периодот кога наставниците се на работа.(освен во исклучителни ситуации)
  • Секој вид на нарушување на приватноста на наставниот кадар како и пишување пораки и телефонски јавувања во несоодветно време не е дозволено.

3. Влез во училишната зграда

  • Влегувањето на родители во училиштето е дозволено само со претходна најава и добиена согласност од страна на вработен во училиштето.
  • Родителите не смеат самоволно да влегуваат во училишните простории или да го прекинуваат наставниот процес.

4. Посети и средби

  • Сите посети и средби со наставници или друго училишно лице мора да се договараат однапред.
  • Родителите се поттикнуваат да ги користат определените термини за средби или да закажат состанок преку училишниот терк за комуникација. (телефонски повик, порака, мејл)

5. Учество во училишни активности

  • Родителите треба активно да учествуваат во животот на училиштето преку родителски средби и други организирани активности, при тоа почитувајќи ги училишните правила и процедури.
  • Учество на училишни настани треба да биде во духот на поддршка и соработка со училиштето и учениците.

6. Заштита на приватноста на учениците и вработените

  • Родителите се обврзуваат да ја почитуваат приватноста на другите ученици и вработените во училиштето.
  • Секое снимање или фотографирање во училишните простории е дозволено само со претходна дозвола.

7. Одговорно однесување на социјалните мрежи

  • Родителите треба одговорно да користат социјални мрежи кога се однесуваат на училиштето и неговите активности.
  • Секое неприкладно коментирање или ширење на информации што можат да го нарушат угледот на училиштето е неприфатливо.


Со овој кодекс на однесување, родителите ќе ја поддржат безбедноста, редот и
професионалноста на училишната средина, и ќе придонесат за позитивен
училишен амбиент во интерес на сите ученици.

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu