Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Слончето Халки го посети нашето училиште

2022-03-24 16:31:27



Учениците и наставниците во дворот на основното училиште „Коле Неделковски“, Центар, засадија нови садници а при тоа друштво им правеше и слончето Халки и неговиот тим од „Халкбанк“. Децата ветија дека ќе се грижат за дрвцата и редовно ќе ги полеваат, а Халки им вети дека повремено ќе ги посетува.

Халки ги потсети учениците и на вредностите: екологија и борба за здрава животна средина, другарство како и важноста на читањето книги.По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, дружината зборуваше и за прифаќањето на различностите и за еднаквите образовни можности за сите деца.

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu