Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

ДУЕЛ: КК Работнички – ОУ Коле Неделковски во реновираната фискултурна сала

2014-11-03 01:37:06



Учениците од ОУ Коле Неделковски од денеска можат да спортуваат во реконструирана фискултурна сала, со нова подлога и нов дабов паркет, кој гарантира долготрајност , функционалност и квалитет. Сега, подовите се направени по сите светски стандарди за подови во фискултурни сали.

Учениците не го криеа задоволството и на паркетот ги "одмерија" силите со играчите на КК Работнички.

Наставата по физичко образование мора да биде квалитетна и затоа во сите седум основни училишта на територија на Центар, ќе работиме на подобрување на условите, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

"Сакаме во сите училишта да создадеме услови учениците да станат спортски ѕвезди, исто како играчите на КК Работнички", рече Жерновски.

Учениците од училиштата во општина Центар ќе добијат и свои дресови, а општината ќе организира спортски игри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu