Посета на Советот на Европа од страна на учениците од 4а одд.
2022-06-07 09:36:21На 01.06.2022 год. учениците од IVa одд. заедно со одделенските наставници Ана Блажевска Анчевска и Христина Ристеска го посетија Советот на Европа. Таму учеа за еднаквост, како сите деца треба да ги уживаат истите права без разлика на нивната боја на кожа, религија, пол или попреченост. За време на посетата тие го добија пасошот на Советот на Европа за правата на децата.