Учениците од IIIa одделение во посета на фабриката Swisslion во Скопје
2014-11-27 23:35:14Учениците од IIIa одделение, заедно со наставничките Милена Кузмановска и Маргарита Николоска-Бошковска, беа во посета на фабриката Swisslion во Скопје. Таму се запознаа со процесот на производство и трговија на дел од нивните производи ( Софти бисквит, чоколадно драже Choco Boom, Hello солени стапчиња, Griski солени полнети стапчиња со фил од кикирики ). Видоа каде се чуваат готовите производи - во магацини, се почастија со дел од производите, добија подароци и среќни се вратија во училиште.