Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Алтернативни извори на енергија

2015-04-24 18:42:00

Проект „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

 

 Алтернативни извори на енергија

 

 

 

 Негативните последици од потрошувачката на енергија може да се надминат, иако понекогаш се потребни значителни средства и обично се остваруваат со голем труд. Затоа ако сакаме човештвото и целиот жив свет на Земјата да продолжи да живее и да му се радува на животот уште многу поколенија, тогаш единствен начин тоа да се постигне е користењето на безопасната обновлива енегија. Имаме голема одговорност да го сочуваме светот за пристоен живот на лугето, животните, растенијата и сите живи организми.

 

 Нека биде тоа наша заедничка цел и цел на секој од нас!

 

 Како пример ќе ја земеме соработката со здружението на Граѓани Еко Логик која е во процес на спроведување на проектот “Едукација за значењето на енергијата преку креативни теоретски и практични примери".

 

 Преку креативен, теоретски начин и практични примери учениците ги  запознаа  со енергијата, важноста на алтернативните начини за нејзиното производство, бенефитите за животната средина од нив, а со самото тоа почнаа да ја развиваат свеста кај учениците  за намалување на потрошувачката и заштедата на електрична енергија.

 

 Во текот на  теоретскиот дел , на  учениците  од  10 – 12 години, им беше објаснето за значењето на електричната енергија и енергијата како општ поим, а исто така преку интересни практични вежби  учениците можеа самите да увидат,како се спроведува нејзиното производство со суштински примери.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu