ЕДУКАЦИЈА ЗА ЕНЕРГИЈА
2015-04-27 22:12:40Во третата седмица од Март оваа година, со предавање од страна на Маја Костова, проект координатор на ЕКО ЛОГИК, започна едукација на учениците од 10 – 12 години на тема енергија, за која преку креативен, теоретски и практичен начин истите се запознаа и го разбраа значењето на енергијата, енергетската ефикасност и нејзиното производство, како и употребата од страна на луѓето.
Во текот на теоретскиот дел беше објаснето за значењето на електричната енергија како општ поим, а во практичниот дел преку интересни практични вежби (“лимонска” батерија, воденица за добивање на кинетичка енергија), учениците можеа сами да ја осознаат и увидат важноста на алтернативните начини на производство на електрична енергија и бенефициите за животната средина од истите, а преку истото да ја развијат свеста за намалување на потрошувачката и заштедата на електрична енергија.
Овој проект е во процес на спроведување на проектот “Едукација за значењето на енергијата преку креативни теоретски и практични примери" кој што е поддржан од страна на Швајцарската Агенција за Развој и Соработка, со време траење од 15 месеци и вклучување на сите основни училишта на ниво на Општина Центар. Сите досегашни активности може да се проследат на веб-страната www.ecologic.mk
Линк за видео за едукација за енергија.