Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Соработка со „Факултетот за ликовни уметности“

2016-10-11 23:30:15



 

 ООУ „Коле Неделковски“ од Скопје реализира соработка со „Факултетот за ликовни уметности“ во рамките на „Саемот за мозаици“ кој се одржа од 28 до 30 Септември, 2016 година. Мотото на саемот „Во светот на мозаикот“ ни овозможи да се реализира презентација и работилница за мозаикот како ликовна техника. 

   Работилницата се случи во Сули-ан на 29 Септември. Ова беше активност на учениците од VI-б паралелката и презентерот госпоѓа Јасмина Бошевска.

   Потоа учениците ја посетија и изложбата со дела во мозаик, во Чифте-амам.Нашите деца беа фасцинирани од оваа техника на ликовно изразување. 

  Искажуваме благодарност до уметниците кои преку СВЕТОТ НА МОЗАИКОТ но овозможија едно уметничко и културно доживување.

  

 

 

 

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu