Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Еколошка акција "Ден на дрвото - засади ја својата иднина"

2016-12-08 21:50:45



По повод одбележувањето на "Ден на дрвото" - Засади ја својата иднина,  на ден 30.11.2016год. (среда), во нашето училиште според планот и програмата реализирани се повеќе активности, на кои се потенцираше значењето на Денот на дрвото:

1. Ликовна работилница на тема "Дрво",

2. Изработка на пано со еколошки содржини (цртежи, литературни творби),

3. Пребарување на интернет, информации за зачувување на околината од штетни гасови,

4. Собирање на секундарни суровини (пластични шишиња)

Во активностите учествуваа ученици од 6-9 одделение.

По тој повод учениците во училишниот двор засадија 10 зимзелени садници „tuja“.

    Општина "Центар" целосно ја покри акцијата - Засади ја својата иднина:

 -  набавка на садници, транспорт на садниците до училиштето, припрема на замјиштето,     обележување на просторот, копање дупки за садниците и садење заедно со учениците и со претставници од општинската администрација.

На овој начин учениците беа позитивно мотивирани за работа и задоволни од постигнатиот ефект. Акцијата заврши со ветување дека учениците ќе продолжат и понатаму да се грижат за дрвцата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu