Учество на учениците од 4-а на концерт на „Детски Културен Центар - Карпош“
2017-05-09 22:25:16На 26 април во Домот на АРМ се одржа целовечерен концерт на „Детски Културен Центар - Карпош“ во кој учество зедоа група ученици од 4-а одд. кои се негови редовни членови.
Останатите ученици од одделението беа во публиката со цел да ги бодрат своите другарчиња и да уживаат во убавите звуци, ритам и мотиви од нашето национално фолклорно богатство.