Инклузија и прифаќање на различностите - Даунов Синдром
2017-11-15 13:43:45
Во склоп на проектот на Британската амбасада во Скопје за инклузија и прифаќање на различностите , ООУ „Коле Неделковски“ – Скопје на ден 09.10.2017 год. беше домаќин на членови на танцовата група “The Larondina Dance Company” од Обединетото Кралство.
Во настанот учество зедоа учениците од 7-б одделение предводени од наставниците Пепица Павлова и Марина Пешовска. Учениците имаа приготвено кратка програма по која имаа можност преку интерактивна дебата да научат нешто повеќе за инклузија на лица со посебни потреби, а посебно на лица со Даунов Синдром.
Кон настанот и дебатата, освен гостите од Обединетото Кралство, се придружија и лица со посебни потреби кои своите училишни денови ги поминале токму во нашето училиште. По завршувањето на настанот следуваше и мини коктел.