Одбележување на 14 Ноември – Светски ден за борба против дијабетот
2017-11-21 21:54:14
10 РАБОТИ КОИ НАСТАВНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ ЗА СВОИТЕ УЧЕНИЦИ КОИ ИМААТ ДИЈАБЕТ ТИП 1
КогаВашиот ученик има дијабет тип 1(TD1), тело тоне му произведува инсулин неопходен за метаболизирање на шеќерот во енергија.Децата со дијабет тип 1 ЗА ДАОСТАНАТ ЖИВИ мораат да примаат инсулин неколку пати во текот на денот со инекции или преку инсулинска пумпа.
Следат 10 правила кои морате да ги знаете за Вашите ученици со дијабет:
1. Инсулинската пумпа не е лек.Со дијабетот не е воопшто лесно иако се има инсулинска пумпа. Висината на шеќерот во крвта може да варира во текот на денот и многу е тешко да се конторолира дијабет ТИП 1.Ве молиме да бидете стрпливи додека Вашиот ученик со дијабет со TD1 се справува со високите и ниските вредности на шеќерот.
2. Учениците со TD1 може да носат едни супер апарати кои им помагаат да преживеат. Инсулинските пумпи и апаративата за постојано следење на шеќерот во крвта (Libre,Dekskom) личат на мобилни телефони и некогаш се огласуваат со звучни сигнали.Не им ги одземајте ваквите уреди на Вашите ученици со TD1 затоа што со тоа може да им го загрозите здравјето и животот.
3. Некогаш Вашите ученици со TD1 мораат да јадат додека се на час.Тие мораат да имаат нешто благо во случај на итност. Кога шеќерот во крвта ќе падне ниско мора ИТНО да се изеде или испие нешто благо и не смее да се чека детето да излезе од училница или слично затоа што може да изгуби свест од нискиот шеќер во крвта.
4. Вашите ученици со TD1 , во инцидентни случаи ако шеќерот е висок или низок, може да не разговараат со Вас или не Ве разбираат сто зборите. Имајте разбирање и бидете стрпливи. Помогнете им.
5. Кога ќе Ви кажат дека осеќаат низок шеќер во крвта им треба Вашето ЦЕЛОСНО ВНИМАНИЕ ВЕДНАШ.Може да им треба и Ваша помош.Не ги оставајте сами,не ги праќајте кај педагогот.Можат да изгубат свест.Исто така не можат да го завршат тестот или контролната се додека не им се стабилизира шеќерот во крвта.
6. Кога е висок шеќерот во крвта кај Вашиот ученик со TD1 мора почесто да оди во тоалет и меѓу другото да пие многу вода за да се спушти шеќерот.
7. Не ги викајте Вашите ученици со TD1 дијабетичари.Тоа е навредливо.Тоа се деца со дијабет.
8. Ако не Ве слушаат добро или не ги следат Вашите инструкции треба да го проверат шеќерот во крвта.Немојте да мислите дека несоработувањето со Вас во одредени моменти е дрскост од нивна страна.Нивната концентрација може да биде намалена поради осцилациите на шеќерот во крвта.Ако приметите дека Вашиот ученик со TD1 не Ви обраќа внимание или се однесува чудно кажете му да го провери веднаш шеќерот или Вие проверете сами доколку ученикот има апаратче за постојано следење на шеќер во крвта.
9. Во некои денови шеќерот знае многу да варира. Тогаш детето со TD1 се чуствува многу грозно. Тоа чувство личи на како кога некој има јак грип или е под дејство на алкохол. Имајте трпение и разбирање.
10.Ви благодариме што имате трпение во текот на наставата. Проверувањето на шеќерот во крвта повеќе пати во тек на денот, прилагодувањето на дозата на инсулин и справувањето со високиот и нискиот шеќер е многу исцрпувачко за детето со TD1.Вашата соработка во ваквите “прекини” и “пречки” за време на наставата ќе му го олеснат престојот во училиште на детето, така да не се чуствува како да е на терет на одделението.