Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Одбележување на 20 Ноември – Светски Ден на детето

2017-11-21 22:02:25



По повод 20 ноември - Светскиот Ден на детето, учениците од основното училиште ООУ „Коле Неделковски“ – Скопје организираа собир на донации – училишен прибор, книги и играчки, кои подоцна во соработка со учениците од гимназијата ПСУ „Алгоритам Центар“ - Скопје и ООУ “Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје беа распоредени за донација на хуманитарен караван.

Хуманитарниот караван на учениците од трите училишта започна во понеделник, 20 ноември 2017 со посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје и донација на училишен прибор, книги и играчки за децата кои што се хоспитализирани во клиниката. Претставници од нашето од училиште беа ученичките од 9-а одделение Александра Иванова и Стефанија Иванова предводени од предметниот наставник Марина Пешовска.

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu