Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

OОУ „Коле Неделковски“ доби акустична училница

2019-09-30 18:56:27



Основното општинско училиште „Коле Неделковски” - Центар, Скопје, доби акустична училница која е донација од компанијата „Кнауф Македонија“. Станува збор за дел од проектот „Дишеме здраво, слушаме јасно, учиме успешно – со „Кнауф”, кој има за цел да ја подобри акустиката во училниците во кои учениците го поминуваат поголемиот дел од наставата, како еден од клучните фактори во подобрувањето на успехот на учениците.

Директорката на ООУ „Коле Неделковски“, Светлана Масларевска, истакна дека во оваа училница се реализира наставата по музичко, хор и оркестар, како и се изучуваат странски јазици, а придобивката од проектот се состои во тоа што звучната акустика е подобра, а звукот е полн и целосен.

Освен одличната акустика, плочите Кнауф Cleaneo го прочистуваат воздухот во училниците. Благодарение на зеолитот, плочите Cleaneo ги разградуваат штетните материи и испарувањата во воздухот и придонесуваат за поздрав амбиент во училниците и поголема концентрација кај учениците.

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu