Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Посета на Градска библиотека

2019-10-15 18:43:44



 

На 15.10.2019 год. во 10:30 часот во просториите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје учениците од ООУ „Коле Неделковски“ заедно со наставничките Радмила Илиева Стојановска и Весна Трајковска го посетија одделот од библиотеката во кој се врши подврзување и укоричување на оштетени книги. Учениците, вработените во тој оддел ги нарекоа „доктори за книги“. Исто така во просториите на библиотеката од страна на учениците беше одржан часот по македонски јазик на тема „Презентација на лирски песни со различни мотиви“. Вработените од библиотеката уживаа во прочитаните песни со различни мотиви. Убав ден, но за нас малку различен.

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu